0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Ноќниот живот во Скопје загрозен од безбедносен аспект – колку клубови работат без лиценци ?

После убиството на младиот хрватски ракометар Тот, во јавноста се наметнаа низа на прашања кои за жал се чувале под тепих се додека не се случи трагичниот настан.
Имено, во текот на вчерашниот ден, ДПИ експресно под притисок на јавноста ја пломбираше вратата на една од најпопуларните дискотеки во Скопје. Суштински, дискотеката воопшто и немаше било каква поврзаност со убиството, кое се случи вон објектот и на крај на работно време, за што и официјално информираа истражните органи. Но, од медиумите дознавме дека ДПИ имал изречено мерка за забрана на работење на дискотеката Привилиџ, која до вчера не била спроведена.

Ако законските прописи тоа го делегираат, секако дека оправдано би било затворањето, но јавноста мора да знае дали има и други клубови во главниот град кои функционираат без лиценци за работа.

До нашата редакција пристигнаа информации дека најмалку уште шест клубови работат без лиценца, па во теков на денов медиа.мк, ќе постави прашање до министерот за Економија Крешник Бектеши дали е точно дека има неколку клубови кои воопшто немаат лиценци за вршење на дејност ?

Ако е ова точно, институциите се должни да одговорат пред граѓаните зошто досега се молчело, дали некој свесно дозволува прекршување на законите. Има ли селективно спроведување на законите од страна на ДПИ ?
Ако само Привилиџ треба да е жртва за да се покаже функционалност на законите, секако дека е тоа недоволно и разочарувачки за граѓаните на Скопје, а пред се на младите кои се директно засегнати со ноќниот живот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести