0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Приведен крадец од Куманово, украденото вратено на сопственичката

На 09.04.2022 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека на 08.04.2022 од возило „шкода“, сопственост на С.П.(28) од Куманово, одзел платежна картичка и вршел трансакции со неа.

Кај В.П. била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести