8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Џонсон: Цивили беа масакрирани, убивани додека нивните раце беа врзани, жените силувани пред очите на нивните мали деца

На почетокот на видеото Џонсон им се обрати на Русите на руски: „Рускиот народ ја заслужува вистината, заслужува да ги знае фактите“.

Во видео-пораката која содржи снимки од убиени цивили во Украина, британскиот премиер опиша како масакрите извршени од руската армија за време на инвазијата на Украина го „потресоа светот“.

„Цивили беа масакрирани, убивани додека нивните раце беа врзани. Жените силувани пред очите на нивните мали деца“, рече Џонсон.

„Изгорените тела беа фрлани во масовни гробници или едноставно оставени да лежат на улица“, вели британскиот премиер во видеото.

Џонсон рече дека „злосторствата извршени од режимот на Кремљ ја изневериле довербата на секоја руска мајка која го испратила својот син во војска“ и дека се „дамка на руската чест“.

Во своето обраќање Џонсон ги повика Русите да се поврзат на интернет преку VPN конекција за да можат да пристапат до информации од целиот свет, додавајќи: „Штом ќе ја пронајдете вистината, споделете ја“, пренесе Гардијан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести