16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Според ОН во Украина има над 7 милиони внатрешно раселени лица

Пред две недели, агенцијата на ОН со седиште во Женева процени дека бројот на луѓе принудени да ги напуштат своите домови, но сè уште во земјата разурната од војна, е околу 6,5 милиони.

„Луѓето сè уште ги напуштаат своите домови поради војната, а хуманитарните потреби на теренот продолжуваат да растат“, рече генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино.

Според анкетите на ИОМ, повеќе од една третина од раселените домаќинства минатиот месец биле без приходи. Повеќе од половина од домаќинствата имале деца и постари лица кои живееле со нив. Хронично болните пациенти живееле во 30 проценти од домаќинствата. Бројот на луѓето кои ја напуштиле Украина и заминале во други земји од почетокот на руската инвазија се искачи на 4,2 милиони, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за бегалци на ОН.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести