0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Радакин: Путин на многу начини веќе е поразен

Радакин рече дека Путин е „многу побезначаен“ отколку што беше пред еден месец, додавајќи дека НАТО е „пообединет од кога било во животот“, што вклучува голем дел од Студената војна.

„Се чини дека Русија сега става многу помалку акцент на Киев, а многу повеќе на истокот и југот на Украина“, рече Радакин, додавајќи: „Почнуваме да гледаме претходни индикации дека руските сили се повлекуваат од регионот Киев и одат во Русијаж и Белорусија“.

„Ова само по себе е голем проблем за Русија бидејќи тоа го прави под притисок, што значи дека Украинците ќе ги нападнат додека се повлекуваат“, рече адмиралот.

Радакин рече дека „наредните недели ќе бидат исклучително тешки за Украина“, додавајќи: „Но Путин веќе изгуби на многу начини“.

„Путин си наштети себеси благодарение на низата катастрофални проценки. Пред тоа сакаше да го гледаме како врвен манипулатор на настаните“, рече Радакин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести