9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Пусто е во московскиот мол (ВИДЕО)

Поради санкциите кои западните земји и ги воведоа на Русија по инвазијата на Украина, се` повеќе големи брендови ја напуштаат земјата. Последиците се видливи и во Авиапаркот каде се затворени многу продавници.

„Можеме да преживееме без сета таа фенси облека или капиталистичка брза храна, но гледате колку работни места исчезнаа. Тоа ќе создаде огромна невработеност. И ќе треба долго време да се најдат нови работни места“, вели Сергеј.

ИКЕА ги затвори вратите, а не работат ниту многу модни брендови. Продавниците се затворени од Boss, Zara, Levi’s, Tommy Hilfiger, Adidas, Pull & Bear, Bershka, Oysho, Tous, Bobbi Brown, H&M, Mango, Monkl, Vagabond, Stradivarius, Puma, Crocs, Vans и Benetton.

„ Women’s Secret  е затворена. Очигледно, Русинките отсега ќе купуваат облека во Бољшевик“, рече Сергеј. Тоа е руска фабрика за облека која беше еден од најголемите производители на облека во земјата за време на советската ера.

Најк, Ралф Лорен, Гап, Декатлон и Рибок сè уште работат во Русија. Некои француски марки не ги затворија своите продавници, а Renault, кој има фабрики за автомобили во Русија, продолжи со својот бизнис.

„И Самсонајт го нема, но не е дека ќе можеме да патуваме “, рече Сергеј.

Затворени се и Swarovski, Jo Malone, Swatch, Levi’s, Sephora, Nespresso, H&M Home и Starbucks.

„Иако многу продавници се затвораат, цените растат. Многу луѓе сега купуваат пред да заминат брендовите. Особено во Москва и Санкт Петербург. Русите низ историјата научиле дека на националната валута не може да и се верува бидејќи нешто секогаш се случува“, вели блогерот и додава дека во вакви ситуации Русите масовно купуваат затоа што не знаат колку ќе можат да си дозволат откако рубљата ќе ја изгуби вредноста.

„Понекогаш ми се чини дека живееме во Матрикс“, рече Сергеј. „Ајфоните нема да се продаваат, па ќе купуваме кинески мобилни телефони, како Вива. Тие се со послаб квалитет, но велат дека користат многу американски чипови… Ќе видиме.“

„Разбирам дека ситуацијата во Украина е многу потажна и потешка, но јас снимам во Русија. Разбирам дека затворањето на продавници за облека и ресторани за брза храна не е толку страшно како она што се случува во Украина“, вели блогерот на крајот од видеото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести