spot_img
16.8 C
Skopje
среда, март 30, 2022
spot_img

Војната во Украина ќе има глобално влијание „поголемо од се што сме виделе од Втората светска војна“

Војната во Украина ќе има глобално влијание „поголемо од се што сме виделе од Втората светска војна“ и ќе и наштети на светската безбедност на храната, бидејќи многу украински земјоделци, наместо да произведуваат значителна количина пченица за светот, сега се борат против Русија. – изјави директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP), Дејвид Бисли.

Во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, Бисли изјавил и дека „и онака високите цени на храната моментално вртоглаво растат“, пренесува Гардијан.

Агенцијата на ОН нахрани 125 милиони луѓе ширум светот пред руската инвазија на Украина, а Бисли сега објави дека се принудени да почнат да ја намалуваат помошта поради зголемените трошоци за храна, гориво и испорака, наведува британскиот весник, повикувајќи се на АП.

Директорот на Светската програма за храна на ОН предупреди и дека војната во Украина е особено заканувачка за некои земји, како Египет, кој доби 85 отсто жито од Украина и Либан, а во 2020 година доби 81 отсто.

Ве потсетуваме и на приказната за познатиот египетски леб кој сега „страда“ поради кризата. Лебот поскапе, а оваа храна е од политичко значење и во Египет, бидејќи на него многу се потпира поголемиот дел од населението.

Украина и Русија произведуваат 30 отсто од светската пченица, 20 отсто пченка и 75-80 отсто сончогледово масло, а Светската програма за храна на ОН откупува 50 отсто од житариците од Украина, вели Бисли, пишува британскиот весник.

Тој исто така рече дека војната ќе ги зголеми месечните трошоци на агенцијата на ОН за 71 милион американски долари поради зголемените трошоци за храна, гориво и испорака. „Тоа ќе изнесува вкупно 850 милиони долари за една година, што значи дека ќе има четири милиони помалку луѓе до кои ќе можеме да дојдеме“, предупреди директорот на Светската програма за храна на ОН.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести