4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Абрамович навистина учествувал во почетната фаза на организирање преговори меѓу Руската Федерација и Украина

Бизнисменот Роман Абрамович навистина учествувал во почетната фаза на организирање преговори меѓу Руската Федерација и Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тој навистина учествуваше во почетната фаза од преговорите. Сега се водат преговори меѓу двете преговарачки страни – Русија и Украина – рече Песков.

Претходно, „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои извори, објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го советувал американскиот претседател Џо Бајден привремено да не воведува рестриктивни санкции против Абрамович, бидејќи може да помогне во преговорите со Русија.

Да потсетиме, во првите денови од инвазијата, некои медиуми ги пренесоа зборовите на неговиот портпарол, кој потврди дека рускиот милијардер Роман Абрамович се обидува да посредува за мирен крај на војната во Украина. за поддршка за постигнување мирно решение и оттогаш се обидува да помогне.

– Имајќи предвид за што станува збор, бараме да разберете зошто не ја коментиравме ситуацијата како таква или неговата вмешаност – изјави тогаш неговиот портпарол.

„Јерусалим пост“ тогаш објави дека милијардерот бил во Белорусија на покана на Киев, каде првично се одржувале мировни преговори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести