4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Макрон: Продолжуваме да стоиме на страната на украинскиот народ со воена, економска и хуманитарна поддршка

„Решивме да ги засилиме напорите за да спречиме ескалација и да се организираме во случај тоа да се случи. Постапуваме да продолжиме да го прилагодуваме нашето држење на новите стратешки околности предизвикани од војната во Украина и нејзините последици“, рече францускиот претседател нагласувајќи го учеството на 3200 француски воен персонал во вежбите на НАТО.

Сепак, Макрон, повторувајќи ги изјавите што постојано ги даваше во минатото, повлече црвена линија – исклучува какво било директно француско воено учество.

„Продолжуваме да стоиме на страната на украинскиот народ со воена, економска и хуманитарна поддршка“, рече тој.

„Нашата одлучност не` наведе да усвоиме невидена серија санкции“, рече Макрон.

Францускиот претседател, исто така, ја опиша „зголемената изолација за Русија“ и унифицираниот одговор од страна на сојузниците на НАТО и ЕУ.

„Русија презеде историска одговорност со започнувањето на оваа војна. Нашата стратегија е да направиме се` за да се запре ескалацијата и што е можно побрзо да се запре овој конфликт преку нашата поддршка за Украина, нашите санкции и дискусиите што продолжуваат со рускиот претседател Путин за да се најдат начини и средства за решение преку преговори“, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести