Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник и се осудува руската акција во Украина.
Текстот на резолуцијата ги осудува „Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин, членовите на руската делегација во Советот за безбедност, руските вооружени сили и руските воени команданти за флагрантни акти на агресија и други злосторства кои достигнуваат злосторства против човештвото и воени злосторства против народот на Украина и другите.“, пренесува Тасс.
Повикан е и Меѓународниот кривичен суд во Хаг да ја испита одлуката на Путин за напад на Украина, јавува Би-Би-Си.
