Влегувањето на НАТО во конфликтот за Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
– Правиме се за да не ескалира конфликтот. Русија е нуклеарна сила, а ние сме многу свесни дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе победиме во Третата светска војна – изјави Мишел во интервју за шпанскиот весник „Паис“.
Тој додава дека е во постојан контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој според Мишел имал дополнителни барања кон ЕУ.
– Точно е дека сакаше повеќе. Но, проширувањето на ЕУ е чувствително прашање за кое не сите европски земји го делат истото мислење – рече Мишел.
Според него, ЕУ треба да ги земе предвид и земјите со кои веќе започна пристапниот процес.
– Мораме да ги поддржиме нашите партнери кои гледаат кон слободниот свет. Договорите за влез во ЕУ имаат огромен потенцијал, кој е потценет – нагласи претседателот на Европскиот совет, рече тој.
