4.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Десетти ден војна во Украина

Руската и украинската страна најавуваат нова рунда преговори која би можела да се одржи денеска или утре.

Остра дебата се одржа во Советот за безбедност на Обединетите нации поради војната и пожарот околу нуклеарната централа во Запорожје.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој ќе се осудат до 15 години затвор за оние кои намерно шират лажни информации за руските вооружени сили.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, упати апел до Европејците да ја поддржат Украина во војната со Русија.

„Во рок од ден или два“

Третата рунда руско-украински преговори треба да се одржи во рок од ден или два.

Ова денеска за украинскиот портал Страна го изјави советникот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Во рок од ден или два“, рече Подољак на прашањето кога може да се одржи третата рунда преговори, пренесе ТАС С.

„Меѓу другото, гледаме како почнуваат да функционираат хуманитарните коридори за да се направат корекции, доколку е потребно, во рамките на преговарачкиот процес“, рече Подољак.

Ердоган даде ветување

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на претседателот на ЕУ, Шарл Мишел дека ќе продолжи да ги вложува сите напори за постигнување мир меѓу Украина и Русија.

Ова се наведува во соопштението на турското претседателство.

Турција, која е членка на НАТО, дели поморска граница со Украина и Русија во Црното Море и има добри врски со двете земји, објави Ројтерс.

Анкара го оцени рускиот напад врз Украина како неприфатлив и понуди да биде домаќин на мировните преговори, но се противи на санкциите против Москва.

Портпаролот на турскиот претседател претходно денеска изјави дека Ердоган утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

“Запрете го Путин”

Русија ги суспендира летовите на авионите изнајмени на Запад

Руската државна управа за цивилно воздухопловство денеска им препорача на руските авиокомпании, кои летаат со авиони изнајмени во странство, да ги прекинат меѓународните летови од Русија и превозот на патници и стоки од 6 март, а од странски земји во Русија од 8 март.

Европската унија, Велика Британија, САД и некои други земји од следната недела го затвораат својот воздушен простор за руските авиони како дел од пакетот санкции за вооружениот конфликт во Украина

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести