7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Градоначалникот на Херсон: Жителите на Херсон се невооружени. Ние веќе немаме оружје за да се спротивставиме, да пружиме вооружен отпор

„Жителите на Херсон се невооружени. Ние веќе немаме оружје за да се спротивставиме, да пружиме вооружен отпор“, изјави тој за Џон Берман од Си-Ен-Ен.

„Немаме војска во градот. Армијата е поразена. Украинската армија мораше да се повлече, нема оружје. Се повлекоа кон Николајев“, продолжил тој.

Колихаев рече дека руските трупи ќе го окупираат Херсон доколку „украинската армија не може да напредува кон Херсон“.

„Руските трупи се насекаде“, додаде тој.

Колихаев рече дека животот продолжува, но не функционираат сите градски служби. Апелираше и за хуманитарна помош: „Градот е без струја и вода“.

Колихаев рече дека нема начин да се дојде до помош во градот, бидејќи единствениот начин е да се добие помош преку Крим од руска страна. „Русите сакаат да ја испратат својата хуманитарна помош, но жителите на Херсон одбиваат. Затоа што тие се патриоти и не сакаат помош од Русите. Бараат помош од Украинците. Значи, во моментов не добиваме хуманитарна помош“, рече тој.

„Имаме многу луѓе овде на кои им е потребна помош“, рече тој.

Херсон е стратешки важен град на влезот во Црното Море со речиси 300.000 жители.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести