8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Украина ги повика мајките на заробените руски војници да дојдат по нив

Украинската војска ги повика мајките на руските војници заробени на украинска територија да дојдат по нив, наведуајќи дека десетици војници се заробени од почетокот на руската инвазија.

– „Донесовме одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки, доколку тие дојдат по нив во Киев“, се наведува во соопштението на украинското министерство за одбрана.

Министерството објави и броеви на телефони и меил адреси преку кои мајките можат да добијат информации за своите синови затворени во Украина. Доколку се потврди дека нивниот син е заробен, мајките се повикани да дојдат во Полска, а потоа да влезат во Украина.

– „Ќе бидете дочекани и испратени до Киев каде што ќе ви бидат предадени вашите синови“ наведува украинското министерство, додавајќи дека за разлика од „фашистите на Путин“, тие не водат „војна против мајките и нивните заробени деца“.

За време на воените судири меѓу Москва и чеченските сепаратисти во 1990-тите години, бројни млади руски регрути биле испратени на фронтот, а дел од нив биле заробени. Тогаш мајките на војниците се мобилизирале да ги вратат своите синови или нивните тела, одејќи на лице место, а тоа движење ги поттикнало антивоените протести во Русија, пренесува Франс прес.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести