12.8 C
Skopje
сабота, мај 11, 2024

Нова рунда преговори меѓу Украина и Русија

Белоруското Министерство за надворешни работи преку својот твитер профил објави дека „Ловечката куќа“ е подготвена да ги пречека руско-украинските тимови за втората рунда преговори.

Иако се најавуваше дека денеска би се одржала новата рунда преговори, според последните информации, многу е поверојатно истата да се одржи во текот на утрешниот ден.

Имено, шефот на руската делегација Владимир Медински најави дека украинската страна дури сабајле ќе пристигне на местото на преговорите.

– „Украинската делегација тргнала од Киев и во моментов се на пат, а нивното пристигнување се очекува утрото на 3 март“, им изјавил на новинарите Медински изразувајќи разбирање за сложеноста на логистиката потребна на украинците.

Втората рунда разговори се одржува во гомељската област каде што во 1991 година шефовите на поранешните советски републики потпишаа спогодба за распад на Советскиот сојуз.

Првата рунда на преговори заврши без поголем исчекор, а двете страни останаа на своите позиции. Руската страна инсистираше на откажување на Уркаина од каква било намера за зачленување во НАТО, демилитаризација и денацификација, а украинската страна бараше итен прекин на огнот и повлекување на руската војска.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести