5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

Вашингтон бара итно напуштање на Русија на сите Американски државјани

Американските државјани би требало да размислата за моментално напуштање на Русија со комерцијалните летови, објави во неделата вечерта американскиот Стејт департмент, наведувајќи го како причина бројот на откажаните летови и земјите кои ги затвориле своите воздушни простори за Русија по нејзината воена операција во соседна Украина.

„Државјаните на САД би требало да размислат за непосредно напуштење на Русија преку сѐ уште достапните комерцијални летови“, стои во објавата на американската амбасада во Москва во безбедносното предупредување објавено на мрежната страница.

Абасадата од американските државјани бара да имаат подготвен „план за непредвидени ситауции кои не зависат од помошта на американската влада“.

Европската унија претходно во неделата објави дека ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони, што го сторија претходно повеќе земји, како реакција на рускиот напад во Украина, а САД и сојузниците наметнаа и остри санкции за руските банки.

Американската амбасада во Москва уште на 20-ти февруари ги советуваше своите државјани да се воздражат од патувања и да подготват план за евакуација поради можни терористички напади во главниот и другите поголеми руски градови, како и по должината на руската граница со Украина.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img