7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Белата куќа ја повика Кина да ја осуди руската воена операција во Украина

Белата куќа ја повика во неделата Кина да ја осуди руската воена операција во Украина додека продолжуваат борбите, а рускот претседател Владимир Путин ги стави стратешките сили за одвраќање, кои го подразбираат и нуклеарниот арсенал, во зголемена готовност.

„Кина имплементираше некои од санкциите воведени против Русија од САД и нивните сојузници и минатата седмица позитивно зборуваше за украинскиот суверенитет“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во интервјуто за телевизијата MSNBC.

Псаки притоа додаде, дека Пекинг сепак би требало да „направи повеќе од тоа“.

„Ова не е време за стоење настрана. Ова е време јасно да се осудат дејствувањето на претседателот Путин и руската инвазија врз суверена држава“, рече портпаролката на Белата куќа.

Додаде дека американскиот претседател Џо Бајден не разговарал со кинескиот претседатл Кси Џинпинг во последниот период и дека не е исклучена можноста од телефонски разговор во иднина.

„Меѓутоа, постојат важни чекори кои кинеското водство би требало да ги преземе, да се погледа и навистина да разгледа каде стои кои се пишува историјата“, рече Псаки.

Самиот претседател Бајден само индиректно ја критикуваше Кина минатата седмица откако Пекинг одби руската операција да ја нарече „инвазија“ и во токму во стилот на Вашингтон и Брисел во други случаи кога станува збор за нивни сојузници ги повика „сите страни на воздржаност“.

„Путин ќе биде исклучен од светската сцена. Секоја држава којашто ја толерира голата руска агресија на Украина ќе биде извалкана како учесник“, рече Бајден без директно да ја спомене Кина.

Коментарите на портпаролката Псаки во неделата беа подиректни и дојдоа неколку часа откако претседателот Путин нареди руските стратешки сили за одвраќање да бидат во висока готовност, поради, како што рече, агресивните изјави на челниците од Западот кон Русија.

Кина е најголемиот руски трговски партнер и во увозот и во извозот, а купи третина од нафтата којашто Русија ја извезувала во 2020 година. Русија од Кина купува готови производи, како бела техника, компјутери, мобилни уреди, играчки и облека.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести