-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Еве каде се е нападната Украина (ВИДЕО)

Амбасадата на Украина во Македонија преку соопштение до јавноста информираше утрово кои места се веќе погодени или заземени од страна на руската војска.

Во продолжение можете да ги прочитате истите заклучно со 7 часот.

Оперативни информации од Државната служба на Украина за итни случаи во врска со последиците од гранатирањето од страна на непријателот на територијата на Украина заклучно со 07:00 часот 

Хмелницка област: како резултат на артилериско гранатирање изгоре складиштето за Гориво и мазива на воената единица во с. Старокостиантив.

Дњепропетровска област: г. Краснопилја и Марганец пожар во воени складишта.

Виницка област: г. Тулчин и с Бохан – пожар во воени единици.

г. Луцк – разнесена е ТВ-кулата.

Кијивска област: пожар на воената единица во близина на г. Бровари.

Заземени се селата Городишче и Милове во Луганската област.

Инаку како што информираат од Државната гранична служба, агресијата на Русија се случи денеска околу 5.00 часот.

Нападот исто така се случи и од страната на ТОТ на Автономната Република Крим.

Во моментов преку административната граница се евидентира движење на воена опрема од полуостровот.

Ќе потсетиме дека во Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област, нападите врз граничните единици, граничните патроли и контролните пунктови се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и огнено оружје.

ВИДЕО

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести