За да Македонија ги укине ковид сертификатите, ќе треба да се намали бројот на инфицирани од коронавирус. Ова го соопшти д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
Тој рече дека сертификатите се уште важат за да не се шири вирусот.
-Тогаш кога ќе имаме подобра епидемиолошка состојба и бројките нема да бидат толку високи, може да зборуваме за укинување и на мерката ковид сертификати, потенцираше Мехмедовиќ.
Комисијата апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина, како најдобар начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт. Засега не се планира укинување на сертификатите за прележан ковид-19.
