11.8 C
Skopje
петок, јануари 20, 2023

Анастасија Ражнатовиќ во Париз ќе го има својот прв настап

Со себе ќе понесе cел тим луѓе.

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ќе го одржи својот прв настап 12. март во Париз, а таму ќе биде дочекана како вистинска дива, пишува Телеграф.

– Анастасија ќе отседне во хотел кој важи за еден од најлуксузните во Париз во кој ќе добие еден од најголемите апартмани од каде што се простира поглед на Ајфеловата кула. Апартманот поседува две соби, две купатила, џакузи када, како и голема тераса. Таа ќе има и личен возач кој ќе и биде на услуга 24 часа додека престојува во француската престолнина – зборува добро информиран извор на споменатиот медиум.

Како што се наведува, Анастасија во Франција ќе понесе цел тим луѓе со кој соработува, од ПР до фризер и стилист кои ќе бидат сместени во хотелот каде што е таа.

Нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ нема да присуствува на првиот настап на својата мезимица бидејќи истиот ден има закажан концерт на Копаоник.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img