16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еве ја причината за смрта на славниот актер и комичар Боб Сегет

Славниот актер и комичар Боб Сегет беше пронајден мртов во хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, и тоа ден по стенд-ап настап. Семејството сега ја откри причината за неговата смрт.

Bob Saget, Bob Seget

Американскиот актер и комичар Боб Сегет починал од повреда на главата за која, веројатно, не мислел дека е опасна, објави неговото семејство во средата, пишува US Weekly.

Сагет беше пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, ден по настапот во близина на Џексонвил.

„Властите заклучија дека Боб починал од повреда на главата“, соопшти неговото семејство.

„Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно, па отишол да спие“, се вели во соопштението.

Претходно истражителите негираа дека Сегет починал од дрога или алкохол, што повторно се потврди или дека се работи за кривично дело, па веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар.

Погребот на ѕвездата од „Полна куќа“ се одржа на 14 јануари во Лос Анџелес. Тој зад себе ја остави сопругата Кели Ризо и трите ќерки Лара, Обри и Џенифер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести