Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе биде нов гувернер на норвешка централна банка.
Тоа денес го соопштила владата во Осло, и покрај загриженоста на опозицијата за именувањето на овој бивш премиер кој би можело да ја ослаби незвисноста на Norges Banke.
По повод фактот дека должноста гувернер треба да ја преземе од 1. март, Столтенбергер рекол дека прво ќе го заврши мандат во НАТО, кој трае до крајот на септември, пренесува Ројтерс.
Ида Волден Баче, заменик шеф на централната бакна и Столтенберг како главен ривал за таа функција, ќе биде вршител на должност гувернер додека Столтенберг не ја преземе должноста, соопштила норвешката влада.
