„Никогаш не сум била подобро. Мислам дека сите сме во многу добар момент“, ја почна својата исповед Џенифер за магазинот People.
Нивната врска го полуде светот на почетокот на 2000-тите, се гледаа од 2002 до 2004 година, но после тоа ја раскинаа свршувачката. Сепак, тие „повторно се обединија“ минатата година, што на многумина им ја врати вербата во среќен крај.
“Се чувствувам многу среќна, весела и горда што сум со него. Тоа е прекрасна љубовна приказна и добивме втора шанса”, изјавила популарната Џеј Ло.
Сепак, нивното обединување не беше чудесно. Лопез призна дека и двајцата се плашеле да ја обноват врската поради неславниот крај што го имале минатиот пат. Рекла дека тогаш биле наивни и дозволиле другите да влијаат врз нив, но дека овојпат се` е многу поинаку.
„Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на други позиции во животот, сега имаме деца, многу сме свесни за тие работи. Исто така сме многу заштитнички, затоа што ова е прекрасно време за сите нас“, рекла таа.
Поминале дури 20 години откако за прв пат прошетаа, а нивната љубов никогаш не исчезнала. Потоа, вели, „пукнале“ под притисокот на јавноста и славата, но не дозволуваат историјата да се повтори.
„Убав е начинот на кој работите се поинакви сега, се чувствуваме поинаку од пред многу години. Има повеќе почит,што е убаво. Кога ќе најдеш некого и навистина го сакаш, но навистина го добиваш, и добиваш втора шанса? Навистина е ретко, скапоцено, прекрасно и не го земате здраво за готово“, вели таа.
