Контингент на албанската армија ја презеде командата со силите на НАТО на границата со Русија, пишува косовскиот печат.
Веста е објавена преку официјалната страница на НАТО на „Фејсбук“, каде се објавени слики од церемонијата, пишува косово онлајн.
„Албанскиот контингент на Летонската борбена група неодамна одржа церемонија на примопредавање во кампот Адази. Би сакале да им се заблагодариме на членовите кои си одат дома за нивната неуморна работа и посветеност и ги поздравуваме идните членови во мисијата“, стои на Фејсбук на Летонската борбена група на НАТО.
