1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Снежно невреме ја погоди северна Калифорнија

Во северна Калифорнија, за 24 часа паднале речиси 76 сантиметри снег, затворајќи многу патишта и ја прекинаа електричната енергија во некои области.

Властите предупредија на можност од лавини во шест држави – Невада, Јута, Ајдахо, Монтана, Колорадо и Калифорнија, пишува Би-би-си.

Низ западниот дел на САД, денеска биле регистрирани 28.000 извештаи за прекини на електрична енергија.

Јужна Калифорнија е погодена од дожд во текот на викендот што уништи далноводи и поплави улици. Во близина на Рено се случил верижен судир на 20 автомобили, при што се повредени три лица.

Прекини на струја се забележани и во Вашингтон и Орегон. Властите во Монтана предупредија дека „опасно студениот ветер може да предизвика смрзнатини на отворена кожа за само пет минути“ и дека чувството на студ може да биде минус 48 степени Целзиусови поради ветрот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести