Социјалистите кои седат во владата на Де Кро претходно повикаа на задолжителни вакцинации, но премиерот го опишал потегот како „политичка мрзеливост“.
Но, се чини дека либералниот премиер на Белгија е на прагот да се предомисли, пишува Politico.eu. Тој вели дека состојбата на одделенијата за интензивна нега го навела да размислува за задолжителна вакцинација.
„Влијанието на релативно мала група луѓе врз нашето здравје е преголемо. Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Кејнз, британски економист, еднаш рече: „Кога фактите се менуваат, јас се предомислувам.Добрите аргументи можат да не убедат.“, рече Де Кро.
„Целта е јасна: мораме да ги вакцинираме сите.“ рече премиерот.
Во Белгија, бројот на пациенти хоспитализирани вчера паднал под 2.000 за прв пат од почетокот на ноември. Но, властите очекуваат бројот на хоспитализирани повторно да се зголеми поради појавата на омикрон.
