0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Расчистена кражба во Скопје, приведени две лица

Денеска (19.12.2021) во 10.00 часот на бул.„Александар Македонски“ и во 10.20 часот на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Л.(25) и А.А(42), двајцата од Скопје. И.Л. се сомничи дека во 09.49 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ извршил тешка кражба на дрзок начин над две женски лица, по што одземените предмети ги дал на А.А.. 
Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото, a украдените предмети се вратени на сопственичките. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести