14.8 C
Skopje
среда, мај 1, 2024

ВМРО ДПМНЕ: БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија

Соопштение до јавност, реакција на соопштението на СДСМБРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија.

Системот на БРТ каконшто Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини.

БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20 тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе кма потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов. При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вонсообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање.

Дополнително Шилегов нема предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот, тоа се нови потреби за кои не се предвидени пари.

Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики.

Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести