Романската полиција започна потрага по двајца тинејџери осомничени дека предизвикале пожар во Констанца.
Во пожарот се оштетени 150 станови и 37 автомобили, јавува романски Адеварул.
Нив ги снимиле безбедносните камери, пред да се запалат неколку автомобили и пожарот да се прошири во подрумот на зградата.
По интервенцијата, пожарникарите соопштија дека се евакуирани околу 250 жители, а девет лица се префрлени во болница.
Во акцијата за гаснење учествуваа вкупно 200 пожарникари со 35 возила.
