Евидентирани се 88.376 нови случаи на инфекција.
Така втор ден по ред е соборен рекордот на нови случаи. Вчера биле регистрирани 78.610 нови случаи.
Најголем број дневни регистрирани случаи пред вчера имало на 8 јануари и изнесувал 68.053, јавува Би-би-си.
Денеска се регистрирани 146 смртни случаи кај кои тестот за корона бил позитивен во последните 28 дена.
Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа одржа прес-конференција, заедно со шефот на англиското јавно здравство, проф. Крис Вити и др. Ники Канани, директор на примарна грижа за NHS на Англија.
Започнал со повик за засилена вакцинација бидејќи омикрон продолжува да се шири низ целата земја.
„Секој возрасен во Англија од денес може да се вакцинира со бустер. Апсолутно е важно луѓето сега да се вакцинираат со бустер доза бидејќи Обединетото Кралство бележи рекорден број на случаи“, рече тој.
„Стапката на удвојување на омикрон во некои региони сега е намалена на помалку од два дена“, рече тој, додавајќи дека хоспитализациите се зголемиле за 10 отсто на национално ниво за една недела и за речиси една третина само во Лондон.
„Секое лице што ќе ги засука ракавите за да се вакцинира со засилена доза, им помага на националните напори за борба против омикрон, без разлика дали стои во редот или резервира вакцинација“, рече тој.
