14.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

Финска ќе купува 64 американски воени авион Ф-35

Локхид Мартин конкурирал на тендерот заедно со шведскиот Сааб, американскиот Боинг, францускиот Дасо и британската компанија BAE Systems. Договорот е вреден 8,378 милијарди евра или 9,44 милијарди американски долари, соопштила владата.

„Кога се споредуваат воените перформанси, Ф-35 најдобро ги задоволува нашите потреби“, рече министерот за одбрана Анти Кајконен на прес-конференција.

Потрагата по нови авиони започнала кон крајот на 2015 година за да ги заменат старите ловци Хорнет, купени во 1992 година од Мекдонел Даглас, кој сега е дел од Боинг.

Финска е 14-та земја која одлучила да купи авиони Ф-35. Финска не е членка на НАТО, за разлика од Норвешка, но во последните години воспоставиле силни врски со Алијансата и се одлучиле за воена опрема компатибилна со опремата на нејзините членки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести