Деканот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград, Лазар Давидовиќ најави санкции за сите професори кои ќе изнесуваат дезинформации против здравјето на граѓаните во тек на пандемијата.
– Факултетот ќе реагира против сите кои во своите настапи ги кршат принципите и кодексот на професионална етика на Универзитетот во Белград, изјавил Давидовиќ во своето интервју за „Политика“.
Тој навел дека веќе е во тек една постапка пред етичката комисија на мидицинскиот факултет заради ширење на дезинформации.
– Не би можел сега подетално да говорам за тоа, бидејќи процедурата е во тек. Важно е дека веднаш реагиравме и ќе останеме на тој правец и во иднина, нагласил Давидовиќ.
