-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Дали Оливер Спасовски ќе ја зачува министерската функција ?

По оставката на Зоран Заев и отпочнувањето на претседателската трка во СДСМ, започнаа и внатрепартиските битки во партијата за позиционирање кај идното раководство.

Актуелниот министер за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски, вечерва отворено застана на страна на Димитар Ковачевски.

Спасовски објави заедника и го прогласи Ковачевски за нов претседател на СДСМ.

На својот фејсбук профил тој напиша: „Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Dimitar Kovacevski, и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството.Целта е јасна и единствена – партијата да ги реализира ветувањата, да работи и да го унапредува животот на граѓаните, а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме. Токму затоа промените почнуваат од секој поединец, но само заеднички, одговорно и посветено можеме да продолжиме со успешните социјални политики, да ги унапредуваме социјалните права, да продолжиме да ги покачуваме платите и да ја намалуваме невработеноста, да реализираме капитални проекти, да привлечеме странски инвестиции, да го реформираме системот и да го подобриме севкупниот живот на граѓаните.Ние сме во постојан контакт со граѓаните, така и ќе продолжиме, да нудиме конкретни решенија за конкретни проблеми.Со јасен план – социјалдемократска визија за растечка економија и ефикасно и одговорно управување, со фер шанса за сите, одиме #Заедно, одговорно и посветено, до нови успеси за граѓаните и државата!Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести