2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Петковски за договорот со Алтернатива: Не станува збор за зачувување на државните интереси, туку за што повеќе политички профит

„Да бидам јасен, немам впечаток дека Алтернатива умре за нашата интеграција со ЕУ, напротив го искористија моментот кога имаме преговори со Бугарија, добро им легна на нивните политички амбиции. Го искористија моментот, за четири пратеници ја бараа таа и таа цена. Во политиката сè се гледа низ призмата на партискиот интерес. Да бидам сосема јасен, не станува збор за зачувување на државните интереси, станува збор за преферирање на партиските интереси, да се добие што повеќе политички профит, вработување, функции итн., а не дека на прво место е интеграцијата во ЕУ. Јас тоа не го сметам за коректен потег“,

„Сметам дека дополнително како јавноста ќе биде информирана за сите овие детали, ќе остане една горчина дека Алтернатива премногу бара за да ја поддржува Владата, но наспроти таквите нивни амбициозни предлог и барања стои опасноста од предвремени парламентарни избори. Лично мислам дека на Македонија не и требаат предвремени парламентарни избори“, вели Петковски.

ВИДЕО

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести