Овен Љубов: Ако ви е важно да влијаете на мислењето на партнерот, употребете малку лукавство. Но, задржете ја вистинската мерка во сè. Работа: Имате доволно храброст да го кажете тоа што го мислите. Треба да покажете и одредени дипломатски манири на деловните состаноци. Здравје: Ќе уживате во некоја спортска активност или престој во природа.
Бик Љубов: Треба да ја промените вообичаената тактика и да и удоволите на вашата сакана личност. Имагинацијата секогаш ги поместува границите на можностите. Работа: Бидете внимателни и приспособете ги вашите деловни барања на моменталната ситуација. Избегнувајте нови конфликти. Здравје: Обрнете внимание на ситуации кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Близнаци Љубов: Партнерот се однесува арогантно и ги преувеличува своите ветувања. Ваквото однесување поттикнува ново сомневање кај вас и уште повеќе ве загрижува. Работа: Лесно е да се направи погрешен избор, затоа внимавајте на нечии совети. Нема причина да го форсирате вашето мислење и проценка. Здравје: Важно е да се задржи трезвеноста и позитивната нота во расположението.
Рак Љубов: Ве очекува пријатно изненадување при средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед. Работа: Се чини дека сте расположени и имате добри идеи. Важно е да чувствувате психолошка или материјална сигурност. Здравје: Вие сте во одлична психофизичка форма.
Лав Љубов: Партнерот точно знае што сака да постигне. Блиска личност не ви дозволува да користите нови изговори за да ги одложите заедничките планови. Работа: Не треба да се грижите за нечии коментари и пропуштени можности. Сегашната „загуба“ претставува нова лекција во деловното однесување. Здравје: Опуштете се во блиско друштво.
Девица Љубов: Обидете се да разберете нечија беспомошност или емоционална слабост. Не бидете арогантни. Работа: Ви претстојат различни обврски кои бараат меѓусебен договор и финансиска соработка. Здравје: Уживајте во вашиот свет на интимност.
Вага Љубов: Можно е партнерот да има повеќе проблеми отколку што мислите. Покажете дополнителна емпатија и разбирање на секој начин. Работа: Се однесувате како личност која своите деловни цели ги става над интересите на мнозинството, поради што ве очекуваат разни коментари. Здравје: Потребна ви е добра грижа и психолошка поддршка.
Скорпија Љубов: Ви недостига емоционално охрабрување, но не можете да се помирите со пасивната улога. Слободно повлечете изненадувачки потег. Работа: Во одлична форма сте. Не пропуштајте можност што ветува деловна добивка или корисно рекламирање. Здравје: Обидете се правилно да ја насочите вашата креативна енергија.
Стрелец Љубов: Изгледате вознемирено, на вас влијае однесувањето на партнерот или изговорите кои тој упорно ги користи. Не верувате во тоа што го слушате. Работа: Недоразбирањето што ве придружува при средбите со соработниците отвора нови прашања за меѓусебната доверба и деловните интереси. Здравје: Ќе ви годи релаксација или престој во природа.
Јарец Љубов: Не дозволувајте вашиот партнер да се оддалечи од заедничките теми. Инсистирајте на вашите емоционални потреби. Работа: Повеќето од задачите можете да ги завршите сами и без дополнително влијание однадвор. Сè се сведува на деловната организација и добрата волја. Здравје: Уживајте во убавите работи, опуштете се.
Водолија Љубов: Подобро е да ги стишите страстите отколку да се вклучите во дискусија со саканата личност. Размислете за можните последици. Работа: Ако некој ви задава различни проблеми, потсетете ги вашите соработници на правилата за добро однесување. Здравје: Помирете ги вашите мисли и чувства.
Риби Љубов: Тешко ви е да разберете нечии емотивни намери. Внимателно го анализирате љубовниот однос, но ви недостасуваат конкретни одговори. Работа: Имате добри идеи, но понекогаш е тешко да се процени конечниот исход во деловните преговори. Постапувајте во согласност со вашите морални принципи. Здравје: Избегнувајте ривалства и конфликтни ситуации.
