2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЕВЕ КАКВИ АВТОМОБИЛИ НАЈМНОГУ ВОЗАТ ПСИХОПАТИ И НЕРВОЗНИ ВОЗАЧИ

Scrap Car Comparison направи студија во која сакаа да откријат какви автомобили најчесто возат психопати, себични и самоуверени возачи кои не се грижат за другите учесници во сообраќајот.

Истражувањето спроведено на околу две илјади британски возачи успеа да го дефинира идеалниот автомобил за просечен психопат.

Омилена марка на психопатот е… BMW

Како што во Америка, возачите на Mustang се поврзуваат со оние кои сакаат да се фалат со возење и да завршат со скршен автомобил, така и во Европа се добива впечаток дека возачите на BMW се крајно груби, агресивни и арогантни кон другите учесници во сообраќајот. Тие исто така сакаат да претераат со брзината и генерално да ги прекршуваат сообраќајните правила.

Оваа студија кажува нешто слично. Најмногу поени освоија возачите на BMW, 12,6 од можни 36. По нив следат возачите на Audi со 11,7 поени, додека значително понатаму со 7 поени Fiat го зазема третото место. Топ 5 го заокружија Mazda со 6,4 и Honda со 6,3 бодови. Просечниот резултат е 6,6 поени, така што само првите три оценки се над просекот.

Поени за брендови

BMW 12.1

Audi 11.7

Fiat 7.0

Mazda 6.4

Honda 6.3

Ford 6.1

Mercedes-Benz 5.9

Citroen 5.8

Volkswagen  5.4

Hyundai 5.3

Renault 5.3

Друго 5.3

Volvo 5.2

Nisan 5.0

Peugeot 4.8

Toyota 4.7

Opel 4.7

SEAT 4.3

Kia 4.2

Ако зборуваме за бојата на автомобилот, работите се јасни. Највисоката оценка и 12,7 поени има златната боја, додека кафената боја освои 12,2 поени. На самото дно е сребрена со 5,5 и црвена со 4,9 поени.

Истата студија вели дека оние со персонализирани регистарски таблички имаат речиси три пати поголема подложност на психопатско однесување од оние со стандардни регистарски таблички. Имаат 13,8 поени наспроти 5,3 поени од оние со нормални регистрации.

На крајот на краиштата, ако видите златно BMW со персонализирана регистрација на патот – тргнете се на страна и трчајте.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести