9.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Сваминатан: Омикрон е многу пренослив, но не паничете

За време на интервјуто за конференцијата Ројтерс Некст, Сваминатан рече дека вистинскиот одговор е да се биде подготвен и внимателен и да не се паничи за новата варијанта.

 Колку треба да бидеме загрижени? Мора да бидеме спремни и внимателни, а не да паничиме, бидејќи сме во поинаква ситуација од пред една година – рече Сваминатан.

Појавата на новата варијанта не е добредојдена, рече таа, но додаде и дека светот е многу подобро подготвен со оглед на развојот на вакцините од почетокот на пандемијата.

Делови од Европа веќе се бореа со бранот делта инфекции.

 Мора да почекаме, да се надеваме дека ќе биде поблаго… но рано е да се заклучи за варијантата во целина – истакна Сваминатанова.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести