1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Австрија добива нов Канцелар. Министерот за внатрешни Нехамер седнува на премиерското столче

Карл Нехамер, актуелниот Министер за внатрешни работи е новиот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП) и кандидат за канцелар на новиот владин кабинет.

Денеска во Виена, претселството на владеачката ОВП едногласно одлучи Нехамер да го замени досегашниот претседател Себастијан Курц, а како лидер на партијата да биде и иден канцелар на австриската влада.

– За мене е голема чест и привилегија да ја добијам довербата за преземање на партиското водство, бидејќи ОВП е партија која што секогаш ме фасцинирала, изјавил Нехамер на прес конференција веднаш по завршување на состанокот на претседателството.

Нехамер укажал дека ОВП е од огромно значење за Австрија бидејќи од неа потекнуваат две третини од градоначалниците и шест од девет покраински гувернери.

ОВП според негови зборови ја карактеризираат вредности, работа за подобра иднина без заборавање на традицијата.

– Имам голема почит кон одлуката на Себастијан Курц кој ми отвори пат за да бидам прв човек на партијата. Тој многу придонесе додека ја водеше партијата у тоа може да се види кога ќе се согледаат детално успесите. ОВП под негово водство стана вистинска народна партија. Успеавме да допреме до луѓето кои одамна и го завртеа грбот на партијата. Социјалната политика на ОВП се заврте кон граѓаните со слаби примања и пензии, објасни Нехамер.

Според Нехамер, партијата во веме на Курц успеала да ги задржи цврстите ставови и да води јассна политика по прашањето на азилот и миграциите, како и безбедноста на граѓаните.

– За мене се најважни три основни вредности на ОВП, а тоа се вредности кои во нашето време се посуштински од кога било. Тие вредности се одговорност, солидарност и слобода, подвлече Нехамер.

Тој истакна дека слободата е клучен збор во демократијата, но дека тоа е вредност која што мора да се чува. Таа завршува таму каде што почнува слободата на другиот.

Нехамер побара и солидарност во справувањето со пандемијата нагласувајќи дека сите имаат права и обврски, а сега право и обврска на сите е да се истера вирусот.

Актуелниот канцелар Александер Шаленберг, кој овие два месеци го замени Курц и одби да ја преземе партијата, според најавите се враќа на позицијата Министер за надворешни работи.

Нехамер важи за конзервативен политичар, кој би имал уште поцрвести ставови од Себастијан Курц во однос на мигрантската политика и други десничарски прашања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести