4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Џулијан Асанж и неговата партнерка објавија дека имаат намера да се венчаат во затворот во кој се наоѓа основачот на Викиликс

Џулијан Асанж и неговата партнерка објавија дека имаат намера да се венчаат во затворот во кој се наоѓа основачот на Викиликс.

Стела Морис рече дека се надева дека нема да има понатамошно нарушување на нивните планови за венчавка, откако парот претходно го обвини затворскиот управник и министерот за правда Доминик Рааб дека го спречиле тоа.

Таа го посети Асанж во средата во затворот Белмарш, во југоисточен Лондон, каде што тој е задржан додека Соединетите Држави ги продолжуваат правните чекори за да ја обезбедат неговата екстрадиција за да се соочи со обвиненијата за оддавање владини тајни.

Денеска Џулијан и јас конечно ја регистрираме нашата намера да се венчаме овде во затворот Белмарш. Требаше да го направиме тоа пред три недели. Секако, околностите не се идеални, но ми олесна што разумот надвладеа и се надевам дека повеќе нема да има мешање во нашата венчавка – изјави таа.

Во Обединетото Кралство, секој кој е доволно возрасен, без разлика кој е или од каде доаѓа, има основно човеково право да се ожени со кого сака. Ова право е предвидено со закон. Џулијан не е обвинет за никакво кривично дело во оваа земја, тој не отслужува казна, неговото затворање нема друга цел освен да го продолжи и да ги влоши неговите маки. Се надевам дека на неправдата од оваа ситуација брзо ќе се стави крај за да можеме да уживаме во бракот надвор од ѕидините на Белмарш кога тој ќе биде ослободен“, рече таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести