3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Русија постигнала договор за истражување на планетата Венера во задничка мисија со САД

Русија постигнала договор за истражување на планетата Венера во задничка мисија со САД, изјави челникот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, во интервју објавено доцна саботата на канал на YouTube.

„Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера. Традиционално Венера се сметаше за ткн ‘руска планета’. Имаше советско вселенско летало кои слета таму (…) Но сега имаме намера да воспоставиме мисија таму под називот ‘Венера-Д’, заедничка руско-американска мисија“, рече Рогозин додавајќи дека заедно е полесно да се прифати предизвикот и од економски и од технички аспект.

„Зошто заедно со Американците? Затоа што е многу комплицирано. Таквите проблеми полесно се решаваат заедно со користење на талентите на нашите научници. А истовремено ќе биде економски поедноставно и посигурно во однос на функционирањето на технологијата итн. И затоа што Американците, исто така, се заинтересирани за ова“, додаде Рогозин но без да го одреди терминот кога мисијата би можело да биде покрената.

Рогозин претходно годинава објави дека Русија планира, покрај подготовката за заедничката мисија „Венера-Д“ со САД, да испрати и свој сопствена мисија. Притоа во Роскосмос истакнаа дека државната корпорација за вселенски истражувања не одбива соработка со САД за проектот „Венера-Д“, туку планира само воздржување од поширока меѓународна соработка во оваа мисија.

Кон средината на мај 2020 година Москва објави дека е заинтересирана за разработување нова програма за истражување на Венера, која ќе вклучува и испраќање на најмалку три научни вселенски апарата. Прелиминарните датуми за лансирањата се меѓу 2027 и 2029 година.

Претходната и последна програма за истражување на Венера, беше спроведена во периодот на поранешниот Советски сојуз. Неодамна и Обединетите Арапски Емирати, исто така, ја објавија својата намера да ја истражат планетата.

Венера е втората планета од Сонцето и е најблискиот планетарен сосед на Земјата, со којашто има слична големина. Но нејзината површина е обвиена со густи облаци, а поради катастрофалниот ефект на стакленик на површинтата на планетата темературата е неколку стотици Целзиусови степени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести