8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Вашингтон и Пекинг ќе разговараат за прашања кои се движат од Ковид до растечкиот нуклеарен арсенал на Кина

Вашингтон и Пекинг ќе разговараат за прашања кои се движат од Ковид до растечкиот нуклеарен арсенал на Кина. Американските власти веруваат дека директниот контакт со Кси е најдобриот начин да се спречи односот меѓу двете најголеми светски економии да се претвори во конфликт, тврди Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Кси Џинпинг се очекува во понеделник да одржат виртуелна средба на која ќе разговараат за трговијата, човековите права и воените активности.

Пекинг, исто така, сака да избегне конфликти и да се фокусира на „позитивна конкуренција“, а истовремено се залага за соработка во однос на прашања како што се климатската криза и ставање крај на пандемијата на коронавирусот, изјави неименуван кинески функционер.

Рамковниот договор за зајакнување на соработката во борбата против климатските промени, претставен од двете најголеми светски економии на конференцијата на ОН за климата во Шкотска, испрати „прилично позитивен сигнал“ за претстојниот самит.

Бајден и Кси последен пат разговараа на 9 септември, во 90-минутен разговор, за кој висок американски функционер рече дека бил фокусиран на економските прашања, климатските промени и Ковид-19.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести