20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Белоруската државна воздухопловна компанија „Белавиа“ објави во петокот дека на барање на Турција ќе престане да прима патници од Ирак, Сирија и Јемен

Белоруската државна воздухопловна компанија „Белавиа“ објави во петокот дека на барање на Турција ќе престане да прима патници од Ирак, Сирија и Јемен на своите летови од турските градови во периодот кога неколку илјади мигранти од Блискиот исток се обидуваат да ја минат полско-белоруската граница што не го дозволува Европската унија.

Европската унија тврди дека Белорусија ги охрабрува околу три илјади мигранти од Блискиот исток да се обидат границата во Полска на која во петокот поголема група успеаја да ја пробијат оградата и боликавата жица. Брисел му се заканува на Минск со нови санкции, а Белорусија возвраќа дека мигрантите на нејзината граница ги носат трговци со луѓе Западна Европа и се закани дека доколку ѝ бидат воведени нови санкции ќе го запре транзитот на рускиот гас преку нејзината територија кон Полска и Германија.

Покрај тоа Унијата ја обвинува Белорусија дека со мигрантската криза на Балтикот врши „хибриден напад“, а Минск предупредува дека кризата може да ексалира со воен судир поради големата концетрација на војски на НАТО членките на нејзините граници.

„Во согласност со одлуката на турските власти, државјаните на Ирак, Сирија и Јемен нема да бидат прифаќани на летовите од Турција кон Белорусија од 12-ти ноември 2021“, соопшти „Белавиа“ на своите официјални веб-страници.

На „Белавиа“ ѝ се забранети летовите над воздушниот простор на Европската унија, откако претходно годинава авионот на компанијата „Ryanair“ на летото од Грција во Литванија беше принудно спуштен во Минск и беше уапсен белорускиот дисидент Роман Протасевич. „Белавиа“ и натаму лета кон дестинации како Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Ерменија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Казахстан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести