3.8 C
Skopje
сабота, јануари 28, 2023

Пописот во Хрватска ги изненади сите и покажува дека во земјата живеат само 3,88 милиони жител

Првите резултати од пописот на жителите во Хрватска ги изненадило и најголемите песимисти бидејќи покажуваат дека во земјата живеат само 3,88 милиони жители што претставува катастрофален демогравски крах.

Изненадени се и стручњаците од Државниот завод за статистика кои пред еден месец предвидувале дека во Хрватска живеат 4 милиони жители. “Ова се должи на потценување на емиграцијата, односно бројот на иселените“, вели демографот Иван Чипин. А за да не биде бројот на жители уште помал во Хрватска, странските работници кои ако работат подолго од една година, се додаваат на постојниот број на жители.

Конечните резултаи од пописот ќе се знаат кон крај на годината, но веќе е јасно дека скоро сите градови во Хрватска, освен Загреб, останале без голем број на жители. Вкупно во однос на пописот од пред десет години, во Хрватска има дури 10 отсто помалку жители.

Помалку има и Срби во Хрватска, па така места каде пред десет години живееле Срби, сега се потполно пусти или останале неколку стари лица. Инаку, спрема податоците во ОН, жителите во Хрватска се меѓу најстари во светот.

Ситуацијата ја влошува и короната. Досега вирусот однел. спрема официјалните бројки 10.000 граѓани во Хрватска, а американските прогнози кажуваат дека до пролет следната година би можеле да бидат 15.000 починати од вирусот. Само во вторникот, како последица од корона починале 59 лица.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img