14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Андреј Пленковиќ денеска најави дека ќе се продолжи важноста на уредбата за замрзнување на цените на горивата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека ќе се продолжи важноста на уредбата за замрзнување на цените на горивата.

„Ќе продолжиме“, изјави Пленковиќ за новинарите, пренесуваат хрватските медиуми.

Хрватската влада кон средината на минатиот месец донесе уредба за ограничување на цената на бензинот на 1,48 евра, а на дизелот на 1,46 евра.

Пленковиќ тогаш на владината седница рече дека планот ќе важи еден месец и дека ваквата одлука е донесена за доброто на стопанството и граѓаните.

„Ќе ставиме плафон на цените на 11,10 куни (1,48 евра) за еден литар бензин и, а 11 куни (1,46 евра) за дизелот“, рече Пленковиќ носејќи ја уредбата минатиот месец.

 Тој додаде дека владата одблиску ќе ја следи ситуацијата и трендовите на светските пазари и ќе преземат и други мерки ако е неопходно.

Министерот за економија и за одржлив развој, Томислав Ќориќ додаде дека има индиции дека цените на горивата ќе продолжат да растат „поради што решивме да ги искористиме законските можности за замрзнување на продажната цена. Веруваме дека цените ќе се стабилизираат во следните 30 дена и дека по тој период економијата ќе продолжи да функционира нормално. Исто така, веруваме дека можеме да го издржиме трошокот, односно последиците од ова административно ограничување“, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести