По одржување на кризниот состанок Варшава распореди 12.000 трупи на границата, откако мигрантите се обидоа да ја пресечат бодликавата жица на границата.
„Немаме вода, немаме храна, колку време чекаме, не ни знаеме колку долго чекаме.“
Доцна синоќа се и слушнало пукање од полската страна каде над 10.000 бегалци, се обидуваат да влезат во ЕУ. Полското министерство за одбрана излезе со став дека мигрантите ги придружува белоруската полиција во нивните обиди да преминат во Полска. САД и ЕУ го обвинија белорускиот претседател, Александар Лукашенко дека предизвикува тензии со мигрантите како одмазда поради санкциите кон неговата земја.
„САД го осудуваат режимот на Лукашенко и политичката експлоатација и принуда на ранливите луѓе, како и бесчувствителното и нехумано олеснување на нерегуларните миграциски текови преку границите. Го повикуваме режимот веднаш да ја прекине оркестрираната кампања и принудување нерегуларни мигрантски текови преку границите во Европа. “ Нед Прајс, САД Стејт Департмент, Односи со јавност.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги предупреди земјите од Унијата да не применуваат двојни стандарди во решавањето на мигрантската криза. Владата на Белорусија пак ги негираше обвунувањата посочувајќи ја Полска дека предизвикува ескалација на границата.
„ Наместо да се обидат да ја разбертат состојбата на мигрантите и да се консултираат со експерти за човекови права, полските безбедносни сили предизвикуваат психолошки притисок со распоредување авијациска технологија и солзавец “
Германија ја повика Унијата да преземе мерки за да помогне во запирање на мигрантскиот бран. Европската Унија се надева дека Полска, како нејзина членка, конечно ќе ја прифати помошта од Фронтекс, гранична агенција, која досега ја одбиваше. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика земјите-членки да ги прошират санкциите против „белорускиот режим поради овој хибриден напад“. Мигрантите, кои се вратени од Полска, а Белорусија одбива да ги прими назад, се наоѓаат заглавени, преморени и премрзнати во полските шуми, а до сега неколку од нив починале од хипотермија.
