Овен Љубов: Ве нервира однесувањето или намерата на партнерот да ве наведе на својот избор. Некој кај вас буди желба за емоционална доминација. Работа: Делувате ангажирано на различни страни. Најдобро функционирате кога се потпирате на личното расудување и сила. Здравје: Избегнувајте конфликтни ситуации и задржете ја присебноста.
Бик Љубов: Партнерот делува нестрпливо да чека да ги исполните ветувањата, но имате добра љубовна стратегија од која не се откажувате лесно. Работа: Имате големи амбиции, но вашиот успех е релативен и подложен на промени. Ви недостига добра концентрација. Здравје: Важно е рационално да ја користите енергијата и времето.
Близнаци Љубов: Понекогаш треба да се исклучи разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“. Работа: Ве погодува нечие некоректно однесување или неправда во деловната соработка. Сепак, важно е работите да завршат добро. Здравје: Не ги ограничувајте чувствата или желбите, опуштете се.
Рак Љубов: Избегнувајте нови семејни или партнерски расправии. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите идеи и емоционални потреби. Работа: Поради различните правила наметнати од одредени соработници, мора да прифатите компромис или утешна варијанта. Здравје: Обрнете внимание на посоодветна здравствена заштита.
Лав Љубов: Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани. Работа: Некој се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина за вклучување во јавна дебата. Здравје: Ќе ви годи некоја спортска активност или релаксација.
Девица Љубов: Потребно е подобро да ги усогласите мислите и чувствата, за да го зачувате личното достоинство пред личност која добро го познава вашиот темперамент и слабости. Работа: Прифатете поскромна деловна понуда и не потценувајте нечии интелектуални способности. Изгледате збунето пред соработниците. Здравје: Применете некои од техниките на релаксација, ќе ви годат.
Вага Љубов: Инсистирањето на вашите потреби во односот со саканата личност води до нови спротивставени решенија и потиснати очекувања. Работа: Упорно смислувате нова стратегија, но некој друг делува поефикасно и делумно ги загрозува вашите деловни интереси. Здравје: Избегнувајте ситуации кои премногу психички ве исцрпуваат.
Скорпија Љубов: Се’ што ви треба е позитивен стимул или внатрешен импулс да ја почувствувате големата емотивна екстаза која ве зближува со саканата личност. Работа: Ако сте ефикасни, ќе имате нови придобивки и морална сатисфакција. Не пропуштајте добра можност. Здравје: Вие сте во одлична форма.
Стрелец Љубов: Криењето на вистината од блиска личност предизвикува нови емотивни сомнежи. Меѓусебната доверба е неопходна и изгледа „лековито“. Работа: Ако не ви се допаѓа нечие однесување, обидете се да ја контролирате вашата професионална фрустрација или незадоволство. Здравје: Внимавајте на правилна исхрана или поздрав начин на живот.
Јарец Љубов: Не можете да останете рамнодушни во различни ситуации пред блиска личност. Некој го поттикнува вашето незадоволство. Работа: Доколку се грижите за зачувување на своето достоинство во друштво на соработниците, бидете за нијанса поинакви и доволно храбри да се соочите со новите предизвици. Здравје: Избегнувајте непотребни возбудувања, ќе ви годи релаксација.
Водолија Љубов: Некој ве убедува да донесете важна одлука. Не можете да ја одбиете вашата одговорност кон саканата личност. Работа: Кога ќе ги усогласите вашите духовни интереси со практични цели, ве очекуваат позитивни резултати. Покажете повеќе смисла за практични вредности. Здравје: Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.
Риби Љубов: Партнерот делува сомнително и тоа се одразува на вашето незадоволство. Не сакате да се судрите за ситници кои непотребно ве раздвојуваат. Работа: Ве очекуваат различни обврски, треба добро да се организирате на средбата со соработниците. Побарајте нечија поддршка на време. Здравје: Избегнувајте напорни ситуации кои психолошки ве вознемируваат.
