Овен Љубов: Нема причина да се сомневате во вашите способности или во шармот што го поседувате. Во зависност од вашиот емотивен статус, планирајте нов состанок. Работа: Делувате одлучно и амбициозно. Имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности. Здравје: Насочете ги вашите мисли во позитивна насока.
Бик Љубов: Бидете нежни и имагинативни во друштво на саканата личност. Ако сте слободни, одговорете на нечиј повик. Работа: Проблемите полесно се решаваат со нечие присуство или договор. Прифатете нечиј корисен совет. Здравје: Важно е правилно да ја насочите вашата енергија.
Близнаци Љубов: Важно е внимателно да ги избирате зборовите што ќе ги изговорите пред партнерот. Сè може да се пренесе на посуптилен начин. Работа: Изгледате оптимистчкии и очекувате позитивни одговори. Правилно проценете го редоследот на потезите и не дозволувајте некој да ве престигне. Здравје: Не ги преценувајте личните можности, опуштете се.
Рак Љубов: Одговорете на порака од блиска личност. Изненадете го партнерот со необичен подарок. Работа: Фасцинирани сте од новите идеи за деловна соработка. Треба да се организирате правилно, не ги занемарувајте редовните обврски. Здравје: Ќе уживате во излегувањето или забавата во познато друштво, како добра релаксација.
Лав Љубов: Партнерот има замерка за вашето однесување. Обрнете внимание на изговорените зборови, особено на „пораката“ што се крие меѓу редовите. Работа: Нема потреба да се издвојувате од групата на соработници. Подобрите услови даваат можност за подобро деловно изразување. Здравје: Поттикнете позитивно расположение.
Девица Љубов: Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Работа: Ако се грижите за тестирање на вашите интелектуални или практични способности, најдете си соодветен партнер. Здравје: Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.
Вага Љубов: Разубавете го вашето расположение со личност која одговара на вашиот вкус и сензибилитет. Желбите се остваруваат во заеднички ритам. Работа: Има работи што не треба да ги правите во афект или врз основа на првиот импулс. Соработката е неопходна, но не по секоја цена. Здравје: поттикнете го оптимизмот и добрата волја.
Скорпија Љубов: Не сакате емоционална удобност, но нечие однесување ве потсетува на „режирана претстава“ во која ви е доделена споредна улога. Работа: Нема потреба да учествувате во нова дискусија за деловни цели, постојат различни области на интерес и обврски меѓу соработниците. Здравје: Ќе уживате во психофизичка релаксација и активен одмор.
Стрелец Љубов: Не треба да се грижите за емоционалните дилеми, понекогаш не можете да добиете одговори на сите прашања што ги имате. Работа: За да некои работи или настани добијат вистинско значење, треба да ги толкувате во согласност со вашата непосредна околина. Здравје: Поттикнете го доброто расположение! – ведриот дух делува лековито.
Јарец Љубов: Во врска со блиска личност чувствувате задоволство, правите се што е потребно за да го споите убавото со корисното. Ускладете ги вашите мисли и чувства. Работа: Она што го замислувате можете да го постигнете. Понекогаш треба да ја слушате реакцијата или коментарите на соработниците. Соберете корисни информации. Здравје: Ќе уживате во повеќе сон, внимавајте на вашите соништа.
Водолија Љубов: Нема причина да изневерите нечии очекувања, со блиска личност отворено разговарајте за сите чувствителни теми. Работа: Некој ве предупредува да ги почитувате утврдените правила во деловната соработка. Прифатете добар совет и завршете ја целата работа што сте ја започнале. Здравје: Слободното време поминете го во релаксација, поминувајте повеќе време на свеж воздух.
Риби Љубов: Имате впечаток дека саканата личност не ги разбира вашите намери. Секој од вас е „приказна за себе“, со мистериозен вовед и необично однесување. Работа: Оптоварени сте со различни одговорности, но околината очекува од вас да решавате прашања од заеднички интерес и да делувате доволно ефикасно. Здравје: Довербата и разговорот позитивно влијаат на вашата психичка состојба.
