0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Бројката на активни случаи во земјава достигна 7.131

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со завчера вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството

Во изминатото деноноќие регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19, со што бројката на активни случаи во земјава достигна 7.131. Истовремено, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години, информираат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19, од кои во изминатите 24 часа 3.594 тестирања.

Во последните 24 часа оздравени се 293 пациенти и регистрирани се 12 починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 89272, Активни 3467

Куманово 12376, Активни 442

Тетово 11058, Активни 164

Прилеп 9575, Активни 327

Гостивар 8011, Активни 27

Битола 7543, Активни 311

Велес 6869, Активни 337

Кавадарци 6373, Активни 275

Штип 6226, Активни 230

Охрид 6187, Активни 196

Струмица 5924, Активни 111

Кичево 4127, Активни 91

Струга 3844, Активни 44

Кочани 3626, Активни 196

Гевгелија 2578, Активни 92

Неготино 2413, Активни 63

Свети Николе 2031, Активни 80

Крива Паланка 1685, Активни 155

Радовиш 1609, Активни 52

Ресен 1600, Активни 54

Дебар 1453, Активни 3

Берово 1267, Активни 47

Делчево 1189, Активни 62

Виница 1094, Активни 36

Пробиштип 1038, Активни 65

Валандово 863, Активни 28

Кратово 662, Активни 38

Богданци 591, Активни 19

Крушево 553, Активни 17

Демир Хисар 500, Активни 44

Македонски Брод 479, Активни 4

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 365, Активни 41

Пехчево 324, Активни 5

Дојран 151, Активни 7

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести