15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Самоубиство или несреќен случај? Трагичен крај на 21-годишниот пејач

Почина младата надеж на бугарската естрада, 21-годишниот Денис Теофиков, а тажната вест за неговата смрт ја споделија неговите колеги. Денис е син на познати бугарски музичари, а патот до успехот го изградил снимајќи дуети со бугарските колеги. Веста за смртта на Денис ја објавија неговите колеги – Лорена и Антонио ја споделија, а официјалната причина за неговата смрт се уште е голема мистерија.

Се се случило во станот на неговата девојка Алекса, а Денис животот го загубил по пад од 7 кат. Според информациите кои се појавија во бугарските медиуми, Денис паднал од терасата на станот во реонот на Царско село. Со Алекса, која наводно била шминкерка, бил во врска само неколку месеци, а претходно бил во љубов со колешката Десита.

– На 21 година не напушти еден од најдобрите млади изведувачи на музичката куќа „Пајнер“ – Денис Теофиков. Пејачот засекогаш ќе остане во нашите срца како младо и бескрајно талентирано момче кое за кратко стана идол на публиката и успеа да доминира кај публиката со својата харизма и целокупните хитови, а сцената буквално блескаше каде и да беше на неа, напиша Лорена на нејзиниот Инстаграм-профил.

Компанијата „Пајнер“, која го продуцираше младиот пејач, ја потврди тажната вест, но не ја откри вистинската причина за смртта на Теофиков: – Секогаш ќе се сеќаваме на енергијата што ја внесуваше во се што правеше, а особено во музиката, енергијата што ја даде на сите нас. Со голема тага се разделуваме со тебе Денис Теофиков, но ти остануваш засекогаш во нашите срца!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести