20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Србија ќе ја добие најдобрата цена на гасот во цела Европа и ќе има уредно снабдување без оглед на енергетската криза

Србија ќе ја добие најдобрата цена на гасот во цела Европа и ќе има уредно снабдување без оглед на енергетската криза која го тресе светот, пишуваат српски медиуми.

Ова уверување го доби српскиот претседател Александар Вучиќ, кој вчера се сретна во Белград со Јуриј Борисов, заменик премиерот на Руската Федерација, пренесува Б92.

Вучиќ и Борисов заклучија дека реализацијата на заедничките инфраструктурни и енергетски проекти одлично напредува, како и дека сите проекти ја следат планираната динамика.

Тие разговарале и за актуелната глобална енергетска криза, па Вучиќ оцени дека во тој контекст гасоводот кој ги поврзува Бугарија и Унгарија преку Србија е од најголемо значење за земјата, на само во смисла на привлекување инвестиции и напредок на индустриското производство, туку и за енергетската безбедност на земјата.

Вучиќ и Борисов изразија уверување дека соработката со Русија во оваа област ќе придонесе за безбедно снабдување на Србија со гас.

Борисов на Вучиќ му пренесе поздрави од рускиот претседател Владимир Путин, кажувајќи дека политичките и економските односи на двете земји се на највисоко ниво во поновата историја.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести